Иако информираа за не баш ведра тема (онлајн насилство), младите новинари од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ сепак најдоа простор за забава додека го правеа видеото. Работата на учениците Благоја Младеноски, Теодора Илиовска, Христина Дуревска и Ангелина Апостолоска ја менторираа професорката Стефани Видеска и новинарот Огнен Јаневски од 24 Вести.