Песна за Ѓорѓи Сугарев

Опубликовано: 11 Июль 2026
на канале: Forever Macedonia
2,106
29

Ѓорѓи Сугарев, (Битола, 1879 – с. Паралово, Мариовско, 23. III. 1906) – бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола, а учителствувал во Кичевско и во Битолско. Учесник во македонското револуционерно движење. Дејствувал во четата на Никола Русински во 1901 година. Бил секретар на Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуцуинерна организација (Битолски РОК на ТМОРО), а војвода на чета е од 1902 година. Како окружен војвода и делегат од Битолскиот крај учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. Како горски начелник на Пелистерскиот реон и ревизор на четите во Битолско, Ресенско и Демирхисарско учествува во Илинденското востание во 1903 година, а во 1904 година учествува и на Прилепскиот конгрес. Загинал речиси со целата чета во борба со османлиската војска над Параловскиот Манастир во 1906 година. Некогашниот битолски учител Сугарев, е еден од најопеаните илинденски јунаци и еден од најблескавите и најхрабрите македонски синови.

Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1879 година. Израснал во сиромашно семејство. Мизеријата со која се соочувала неговото семејство, потоа нееднаквоста и несправедливоста кон македонскиот народ од страна на турската администрација, кај него предизвикува револт кон отоманскиот режим.

Се образува во Битола и ќе ја заврши егзархиската гимназија во Битола. Недостаток на средства ќе го принуди Сугарев да прекине со неговото понатамошно образование и да се одаде на учителската кариера. Учителствувал во Битола, Битолската и Кичевската околија, што ќе му овозможи покрај учителската работа да го буди слободарскиот дух на македонскиот народ.

Немирен по дух и незадоволен од актуелната состојба за која негледал дека може да се промени без преземање на вооружени акции, битолски учител Сугарев во 1901 година се приклучува на демирхисарската чета на војводата Никола Русински. Истата година бил избран за член Битолскиот револуционерен округ, а по наредба на организацијата продолжува со учителската работа во Битола. Сепак битолскиот учител и револуционер не го исполнува градскиот живот кој го ограничува во неговите намери, по пат на вооружено востание да се промени неподносливата состојба во Отоманската империја. Со промените на насоките на делување, за потребите на организацијата тој во предилинденскиот период ќе го напушти градот и со неколку другари ќе започне организациони активности за припрема на македонското население во битолската околија. Како војвода од 1902 година, Сугарев со својата чета оди секаде каде што има потреба од неговите организациски способности, и во овој период ќе ги посети скоро сите села во Демирхисарско, Крушевско, Кичевско, Поречието и Ресенско.

Ѓорѓи Сугарев во превечерието на Илинден учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Сугарев бил назначен за горски началник во Битолско, а со почетокот на Востанието на 2 август 1903 година учествувал во заземањето на селата околу Битола. Здружените чети под команда на војводата Сугарев цели 3 месеци војувале против многубројниот турски аскер. Се воделе повеќе тешки битки, во кои со својот пример ќе се прослави челичниот војвода Сугарев. Посебно по битката кај селото Ѓавато, за неговата храброст ќе се прераскажува, а неговото име ќе стане легенда за македонскиот народ.

Извор : https://mreza.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d...