Изведувачи : Стиховно Војување (Жанко Котевски, Христијан Аџиоски, Васко Мирчевски)
Текст : Стиховно Војување
Музика : Филип Тодоровски & Васко Мирчевски
Аудио Продукција : С.В. Продукција
Продуцент : Васко Патуљче Мирчевски
Албум : Сега или некогаш
Година : 2013
ТЕКСТ :
Жанко :
Доста рана година, за прва моќ во душа своја, одма станав подигнат под самата кожа тешка моја, кога долета птица, на мои рамена малечка, тогаш немаше крилја, да биде од мене далечна, и за прв пат се роди, во мене водич, исто двата не спои, со неа заедно светот во раце мои, пак сум налетал на чувства, пак сум далечен од тука, пак сум стасал таму залутан скапа љубов да купам, таму уште ко деца сме таму сме се запознале, таму најдов своепарче живот да ме расплаче, се вратив кај што сокрив песна на патот наш од јас и неа, се вратив кај што започна се, но таму наши стапки нема, таа прелиста страна понепред крилја пораснале, денес нешто друго во нас е скапо и доцна е , ја испуштив тогаш и сам, си запалив во мојот свет, од суви лисја пред, да горат одново...
РЕФРЕН
Чувај ме во себе како последна прошека,
кога не можев, а сакав само тивко да потшепнам,
дека ова тажно лице вешто сокрива тајни,
а сега ноќите без неа плачат како нас сами.
КИЧО :
Душа, што прави сонце од боите на пејсажот, ние се смеевме чекајќи се да заврши тажно, го добив допирот на усните, вкусивме, поглед усвитен, градејќи среќа по неа се градат и лузните, (тоа не е љубов), само нешто повеќе од навика, ние сме само деца паркот беше наша градинка, се вратив таму да ја најдам, ја видов, на моето место седи некој друг лудак ја гледа криво, под нашето дрво каде што ние будни, чекавме мугри, тие се караат страшно дури, гадот стана и ја удри, а таму ние лежевме, делевме силни прегратки, на тревникот се вдомивме со коси полни деланки, си ветив (јас) ќе го чувам она место наше кое, наслика вечност а без нас некако уплашено е, моите приказни за неа, беа дела матни, ги напишав за да ги раскажи, ако ги памти...
РЕФРЕН 2 ПАТИ
ВАКСО :
А јас издавам срце, од бледи мемоари, како скитник без душа, што го мрази јануари, го мразам танцот на ветрот, како ноќта и денот, ја мразам мислата, дека изгледаш среќно, сега скршени се сказните, на тротоарот, ги нема, распукани се ко парче стакло, секој напишан стих, ми претставува замор, од мене извадив се, и пак се осеќам ко в затвор, тоа е мојата насмевка, моја среќа, тоа е човекот што живее, моја мечта, силно ја стегна за рака, не ја испушта, и покажа свет, каков таа што сонува, скапа вечера, накит околу вратот, неостварени сништа, тој ги претвори во стварност, иако ефтино е се што би го купиле со пара, не, тој не ја освои, тој ја купи тој не ја сака...
РЕФРЕН 2 ПАТИ