Bioscopia - Filka

Опубликовано: 28 Сентябрь 2026
на канале: Borce Pejcev
8,358
60

Проектот Биоскопиа е реализиран од Горан Трајкоски (ex Анастасиа, Мизар и Падот на Византија) и Елена Христова (Баклава) во кој се обработени 14 македонски традиционални песни.


Филка мома моле Бонга,
да ја сторе, леле, едно пиле,
да прелета, леле, ширно море,
да си хинде, леле, јуф Солуна.

Да си хинде јуф Солуна,
јуф чаршија, леле, на терзија,
да си купе, леле, астухрина,
да и шие, леле, антерија.

Да и шие антерија,
д`лга, д`лга, леле, ем широка,
да се вие, леле, до земјата,
да ја гале, леле, калд`рмата.

Филка ќ`онде на орото,
на орото, леле, кукушкото,
дек што играт, леле, с`л ергени,
с`л ергени, леле, Кукушани.

Да ја виндат ергените,
ергените, леле, кукушките,
да запукат, леле, комшиите,
комшиите, леле, душманите.