ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најдобар моден бренд е составен дел од животот на многу дами, без разлика на нивната возраст и професија. Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и книжевност во скопската гимназија "Раде Јовчевски Корчагин", грациозна и елегантна како секогаш досега, преку една убаво конципирана приказна, каде што ни прикажува дека ЕЛЕНА ЛУКА ја придружува и во деновите каде се носи поопуштена облека, и во деновите каде треба деловниот изглед да доминира, и во вечерите каде женственоста треба да се истакне преку свечена тоалета, ни раскажа за нејзината соработка со ЕЛЕНА ЛУКА.