Поп-ѕвездата #Џастин #Тимберлејк се изјасни за #виновен пред државниот суд во американската сојузна држава Њујорк во петокот (13 септември) по обвинението за возење под дејствије на алкохол, по што беше уапсен во текот на летото откако полицијата забележала дека тој не го испочитувал знакот „стоп“.
Тимберлејк се спогои со обвинителите за да избегне построга казна.
Судијата Карл Ајрејс му нареди на Тимберлејк да изврши 25 часа општествено корисна работа како дел од неговата казна. Дополнително, пејачот е парично казнет, а ќе се соочи и со 90-дневна забрана за возење.
Тимберлејк на 2 август се изјасни за невин по обвинението за возење во алкохолизирана состојба. Тимберлејк (43) беше уапсен на 18 јуни во градот Саг Харбор на Лонг Ајленд, кој управувал возило марка БМВ.
Кога бил запрен од полицијата, очите на Тимберлејк „беа крвави, од неговиот здив се ширеше силен мирис на алкохол , тој не беше во можност да се фокусира, нестабилно се дивжеше и имаше слаби резултати на сите стандардизирани теренски тестови за трезвеност“, се наведува во судски документ.
Тимберлејк му рекол на полицаецот дека испил едно мартини пред да вози, и одбил да му биде направено алкотест.
#US #NY #Timberlake
--------
Гласот на Америка е најголемата американска меѓународна мултимедијална новинска организација, што нуди содржини на повеќе од 45 јазици за публика што нема, или има ограничен пристап до слободни информации. Уредничката независност на Гласот на Америка се гарантира со закони што ги штитат новинарите од влијание, притисок, или одмазда од владини претставници или политичари.
Сервисот на Гласот на Америка на македонски јазик објавува содржини во согласност со одредбите за точно, балансирано и сеопфатно новинарско известување. Нашиот тим создава авторски анализи, разговори, интервјуа за теми поврзани со демократските процеси, родовата еднаквост, животната средина, правосудството, борба против корупцијата, како и теми кои се од значење за целокупниот напредок на македонското општество, преку примери и искуства од американските демократски процеси и состојби.
Нашите содржини се целосно достапни на следните платформи:
WEB: https://mk.voanews.com/
Facebook: / glasnaamerika
Instagram: / glasnaamerika
YouTube: / voamacedonian
X: / glasnaamerika