Интервју со М-р Кристинка Чулак, Претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на тема БИМ Технологија.
М-р Чулак зборува за најсовремената технологија која на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава алатки за поефикасно планирање, дизајнирање, градење и управување на зградите и инфраструктурата.
Резултатите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите.
Компаниите, како и државните институции, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет.
Токму затоа, обуките за БИМ Технологии се едни од најбараните од вработените во овие индустрии. Дознајте сè за Autodesk BIM Технологии на: https://bit.ly/48afF65