Невестинско оро (Bridal dance) - е македонско женско народно оро со ритам 7/8 (3, 2, 2). Најзастапено е во Дебарско-реканскиот регион, произлезено од стриктно определената обредна функција на свадбата да го поведе невестата. Држењето на играорките е за китките на рацете, свиткани во лактите до висина на рамената и малку издадени нанапред. Играњето започнува со истовремено пеење на песната „Прстен ми падна, мале, отаде река“. Погледот е скромен и одмерен, чекорите елегантни до перфекција, а движењата на телото сообразени со патријархалното однесување.