На Светскиот ден на аутизмот им испраќаме порака за поддршка на сите лица со аутизам и на нивните семејства и се потсетуваме да ги прифаќаме и да ги почитуваме различностите во сите бои од спектарот.
Од големи научници со добропознати имиња до наши познаници, пријатели и другарчиња на нашите деца – сите лица со аутизам заслужуваат да имаат еднаква шанса за среќа како и сите други.
На светот му се потребни различности, а на различните од нас сме им потребни ние.