Zad Agolot - Grevot na Gradot

Опубликовано: 09 Сентябрь 2026
на канале: Brensis
7,229
55

Artist: Zad Agolot
Pesna: Grevot na Gradot
Album: Cuvaj go Vistinko volu.1
Audio obrabotka: Zad Agolot
Mix & Master: Jan ZOO
Godina: 2012

Текст:

Тоби:

Темна е ноќта, а студот голта и мисла најтопла
тера на лоши нешта обзема свест, па делува во своја волја
во човек буди злоба, инстинкт за преживување
борба до последна солза
така решив и јас, да прошетам по улица
ко детектив од стрип со лупа да видам
какви чуства буди зимата груба
кај оние кои се далеку од камин и елка, на празничните утра
погледи ладни, поладни од самата неа
бегам со очи кај да гледам, осеќам ко да ме следат
па забрзувам чекор по чекор, но ко да слушам ехо
други чекори позади мене - исто темпо
тогаш се свртев да се соочам со него
викнав не си ти крив знам студот во коските влегол
но позади само темен сокак
студот и мене ме стигнал па трчам накај дома бегам од ноќта

реф:

Оууу, гревот на мојот град, кога се посомнева во мене
оууу, гревот на твојот град, кога се посомнева во себе

Маро:

Моето време доаѓа како што сонцето ќе зајде
каде снегот уште тежи на гранките ќе ме најдеш
го делам мојот товар со бездомникот од ќошот
онаму доле под мостот, додека не види што сум
се што барав да се чуе мојот повик
дури бараше топлина, во шишето со восхит
секој од нив, ме носи во срцето
само види им ги очите и се ќе биде појасно
а, јас немам ниту лице, ниту име
ниту примери за пример, ниту роднини ни дилер
понекогаш барам утеха во филмови,
црно-бели слики, успорени фрејмови
слушам гласови "знам дека не си ти крив!"
за момент е обоен градов не е веќе сив,
тајната ја знае дека студот е стравот
и дека сите во себе, потајно носиме ѓавол
бега дома, таму каде мисли е скриен
каде што прави и твори, каде што дише и спие
и нема каде кога во себе го носи мразот
сказната продолжува се протнувам под прагот

реф:

Оууу, гревот на мојот град, кога се посомнева во мене
Оууу, гревот на твојот град, кога се посомнева во себе

Тоби&Маро:

Конечно сум дома, топлината е мојот пријател
помеѓу ѕидови се осеќам посигурен
но ко да не сум сам, присуство на друг
приметувам во собава ко некој да прошепоти чув
и сам си свесен дека одамна сум влезен
во домот а и надвор каде талкаш така везден
ретко кој е храбар за да погледне во него,
кога ти стоиш на брегот, мислиш на крајот на денот
а, на крајот на денот сите сфаќаме едно
но не ја сфаќам потребата да се одмаздиш на секој
зошто на вашите дела сум сведок,
а, некогаш човекот беше дел од моето его