Artist: Zad Agolot
Pesna: Lazat
Album: Cuvaj go Vistinko volu.1
Audio obrabotka: Zad Agolot
Mix & Master: Jan ZOO
Godina: 2012
Текст:
(Добар ден)
[Добар ден]
(Сакам само да искоментирам дека денеска се случи скандал, а вие на вашата телевизија правите театар)
[Имаме поважна работа, а тоа е да го гледаме Дневникот Плус]
Ване:
Седиш пред телевизор и секој ден ги слушаш
мозокот ти го пунат со пареа и вода вруќа
ко маглата врз дунав а ти глупав веруваш
ја ни за секунда зошто на траката вршат прељуба
хипербола не е туку хипер хипер хипербола
толкава навреда на интелект јас не можам
да преболам да затворам очи во темница ставам глава
на перница да заспијам совеста не дава
а сум уморен, секој ден јас туѓи грешки поправам
нивните не ги додавам, друг нека ги оправда
тие приказни разни лесно лизгаат од јазик
иако се лаги смислени од мозоци празни
денес сум на празник не се дерам за џабе
ко стечаец на џаде што знае дека нема фајде
иако треба со пиштол враќам со текст едитор
на велико да го немаат мирот да спијат мирно
(... навистина ги преминавте сите граници...)
РЕФРЕН(x2) :
Лага, се што пред микрофон ќе кажат, е лага
око не им трепнува за слава, ве лажат,
едно на ТВ друго на трака се е лага
проѕирна ко вода во чаша