Изгреј зора на слободата

Опубликовано: 15 Октябрь 2024
на канале: Forever Macedonia
15,398
178

Изгреј зора на слободата е прва Македонска химна но зошто Македонија се откажува од „Изгреј зора на свободата“?

-Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тивок и трепетлив глас го отвори заседанието.
-Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени" и „Изгреј зора", кој бева стојејеки изслушани.
-Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Свободата" и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)..

Химната „Изгреј зора на свободата“, во чиј текст се пее за слободата на Македонија, била интонирана на почетокот на првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчински“.
Химната се пеела и на народни собири, седници, конференции и празници.
Неа ја пееле и македонските партизани во Втората светска војна.
По втората светска војна комунистичката влада во Македонија, оваа химна ја сметала за бугарофилска, а тие што ја пееле ги сметале за сепаратисти, бугарофили или за македонски националисти.
Некои биле затварани само затоа што се осмелиле да ја испеат.
Ова Македонска Химна е исто така пеана за време на одржувањето на парадите кои ги организирала Македонската Политичка Организација-МПО, во САД во 1922 година.


На 17. 06. 1990 година во тогашниот „Дом на млади 25 мај“, беше формирана партијата ВМРО ДПМНЕ. Основачкото собрание беше договорено да почне со македонската химна, „Изгреј зора на свободата“, а требаше да ја изведе Јонче Христовски, на 5 минути пред почетокот на свечената церемонија, првичниот план беше сменет и „Изгреј зора на свободата“, не оддекна во полната сала. Планот беше сменет бидејќи можеше да се свати дека тоа е бугарска песна и дека ВМРО ДПМНЕ е пробугарска партија
Според некои историчари, „Изгреј зора на свободата“ е адаптација на една бугарска стихотворба со наслов „Марш на македонските револуционери“, која како македонска народноослободителна песна во 1943 година ја преадаптирал мистериозно загинатиот револуционер и голем македонски поет, Кочо Рацин.

Според Ѓорѓи Ѓорѓиев, етномузиколог,
Песната е со борбен карактер и претставува марш. Имала пролетерска мотивација. Постои теза дека тоа што ние го сметаме за бугарска е всушност руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена кај нас, а во Русија дошла преку Франција.

Во една збирка од група автори, со наслов „Македонски народноослободителни песни“, од 1974 година, пишува дека песната е најверојатно од источна Македонија.

Текстот на Изгреј зора на свободата:

Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!

Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!

Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена;
Комити нови забродиха
Из македонската земја.

Тирани, чудо ште направим...

Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура;
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!

Тирани, чудо ште направим...

Нас ништо веч не ште уплаши,
И тиј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши ;
Из тех свободни ште измрем!