Брзи крофни со чоколадо совршен доручек или десерт.Donuts with chocolate with breakfast and desert.

Опубликовано: 19 Сентябрь 2026
на канале: Lila Stosevska
1,907
8

Брзи и вкусни домашни крофни со чоколадо внатре, вкусен доручек истотака може десерт.
Состојки:
250 мл.топло млеко
1/2 коцка свеж квасец
2 јајца
100 мл.масло од сончоглед
80-100 г.шеќер
-прстофат сол
брашно по потреба
150 г.чоколада
1 ванилин шеќер
4-5 лажици шеќер во прав
Масло за пржење
Подготовка:
Во сад за месење ставете квасец и шеќер и ванилин шеќер, сипете топло млеко,и оставете 10 минути.
Потоа додадете ги јајцата и масло,и со додавање на брашно замесете тесто што е готово кога ќе почне да се одвојува од садот во кој го месите.
Оставете го 15-30 минути.
Подоцна поделете го на 2 делови, лесно оформете ги и расукајте кора пола см.
Со чаша како во видео обележете кругови и во секој ставете парче чоколадо.
Покријте со друга кора и сечете со чаша за вода кругови.
Нека постојат малку 10 минути и пржете ги на тивко, потоа извадете ги на хартија да се исцедат.
Посипете ги со шеќер во прав и послужете ги топли, чоколадо ќе тече од нив.
Многу се вкусни за со млеко за појадок.
Убав апетит..!