Пита со тиква суво грозје ореви и кокос.Pie with pampkin.(Рецепт има испод видео детаљно опис).

Опубликовано: 28 Сентябрь 2026
на канале: Lila Stosevska
3,669
54

Рецепт
Превкусна пита со домашни кори,со преубава арома на кокос и ванила.
Горната кора и е крцкава а средината мека.. богата со фил.И филот се осеќа зошто не е пржена тиква,тoa e поздрва храна е вака.
Видео не ми е целосно снимано заради домашни околности.За возврат имате преубав рецепт, и се надевам на разбирање.
Состојки:
300-400 г. бело брашно
1 мала лажичка сол
2 мали лажички шеќер
малку квасец
малку масло од сончоглед 2-3-4 лажици.
Вода по потреба да замесете средно меко тесто.
За фил:
-исчистена и рендана тиква
-50 г. ситно сецкани ореви
-50 г.суво грозје
1 вреќичка ванилин шеќер
5 лажици супени кристален шеќер
5 лажици супени кокос
масло за јадење за прскање на кори
малку шеќер во прав за посипување

Подготовка:
Во сад за месење ставете го брашното и сол, шеќер и масло и квасец.
Со топла вода замесете средно меко тесто.
Поделете го тестото на 4-5 топки, ставете ги во подмачкан плех и оставете да отстои 10 минути.
За фил во сад измешајте ги сите состојки заедно, тиква, ванила, шеќер, суво грозје, и ореви со кокос.
На чаршав со раце развлечете го тестото во кори.
Секоја кора прскајте со масло од сончоглед, и ставете повеќе од фил.
Завиткајте ги корите во ролна и сечете ги на парчиња како во видео.
Ставете ги парчињата во подмачкан плех и прскајте со масло од сончоглед.
Печете ја питата на 180-200 С, околу 30 минути.
Печената пита прскајте ја со млака вода малку, и вратете ја во рерна на 2 минути.
Извадете ја готовата пита изладете ја и посипете со шеќер во прав.
Убав Апетит.. и ако ви се допаѓа споделете го рецептот и повеќе рецепти има на мој блог..
https://www.lilestisevska.com/