Taтлија, рецепт за превкусни колачиња со урми и ореви најстар рецепт за, десерт за слава од Македонска кујна на Лила.
Сличен рецепт има на мој блог,но јас сакав малку промена за да уживам во новиот вкус.И навистина направив многу вкусен десерт презадоволна сум убава и вкусна.
Состојки:
200 мл.масло од сончоглед
80 мл.цеќ ( зоврено 1 лажица пепел со 3 лажици вода и 3 пати процедена вода се додава ладна).
3 лажици пченичен гриз
1 мала лажичка сув квасец растопен со малку вода-20 мл.
Сецкани ореви
2лажици супени мармалад од сливи
100г.сецкани урми
Брашно по потреба
За шербет:
500 г.шекер
500 мл.вода
1 ванилин шеќер
Сок од лимон.
Подготовка:
Во сад за месење ставете го стопениот квасец, додадете го маслото,цеќ и гриз.
Замесете го убаво тестото,да не се лепи за рацете.
Поделете го на 2 еднакви дела.
Секој дел расукајте го во една правоаголна форма - кора.
Премачкајте ја со лажица мармалад и посипете со сечкани ореви, и на почетокот на кората ставете сечкани урми.
Завиткајте го тестото во ролна како во видео.
Потоа со остар и тенок нож сечете форми по желба.
Редете ги колачињата во тава намачкана со масло.( нека одстои татлија 20 мин.)
Печете ја татлија на 180С.во предходно загреана рерна на 200С.
Се пече 40 минути,по потреба се намалува температура.
Печената татлија се лади и прелива со врел шербет.
За шербет треба да зоврие водата и шеќерот 10 минути.се додава ванилата и сок од лимон.
Оставете ја да отстои додека се впие шербетот.
Превкусна татлија,ќе има и вистински видео рецепт.
Сличен рецепт има на блог на следниот линк:
https://www.lilestosevska.com