„Сега можеш да станеш терапевт за 10 долари - тоа не е терапевт“ | ЕП05 ЕЛЕНА ЏЕБР | RESET

Опубликовано: 16 Май 2026
на канале: RESET Podcast
3,499
102

Денес во петтата епизода на „RESET“ ни гостува психологот Елена Џебр.

Со Елена Џебр разговаравме и за поставување граници, што тоа нависитна значи, но и конечно ни ги појасни работите кој е навистина во депресија или само се чувствува тажно неколку дена. Наспроти депресијата, тука е е анксиозноста. Во оваа епизода за себе открив дека сум имала момент на паничен напад, но тоа не значи дека сум анксиозна, туку здраво е што телото реагира. Да било почесто, ќе било подлога за отворен разговор со стручно лице.

Оваа епизода нема конкретна тема на разговор, но затоа е едноставно појаснување на термините пред да навлеземе во самата суштина. Ако тоа не го разбереме, во тој случај малку потешко ќе оди се што се зборува за менталното здравје.

Слушајќи разговори изминатиов период, дојдов до еден заклучок. Многу луѓе не ја разбираат разликата меѓу психолог, психотерапевт или психијатар и често во самата комуникација користејќи ја терминологијата пренесуваат сосема искривени слики за тоа што навистина е. Појдена од лично искуство и тоа колку често се отвора темата за психолозите и нивната улога, реков дека треба гласно да се направи разграниченост во поимите меѓу себе.

„Сега можеш да станеш терапевт за 10 долари - тоа не е терапевт“, вели Елена, што поттикнува да размислуваме на тема психолози во Македонија, а можеби и да побараме лиценца пред да се отвориме некаде. Го имате тоа право.

Со љубов,
Нина