Денес во петнаесеттата епизода на RESET ни гостува психологот Бојана Стојменовиќ, позната како Мој Психолог.
Кога размислував која тема да биде обработена со Бојана, на мисла ми беа две работи: Mенталното здравје на работното место или нарцизам? Тимот едногласно се согласи да биде втората, па си реков.. Зошто е толку актуелна оваа тема меѓу помладите? Што се случува во односите меѓу луѓето денес и дали некои обрасци ги прифативме за нормални?
Морам да бидам искрена. Имам лично искуство на оваа тема, но никогаш не си дадов за право да осудам, или дијагностицирам некого. Прво, не сум компетентна, ниту сум стручна на тоа поле, второ, сметам дека има недоволна едукација на темата. Патем, тенка е линијата на „сакање себеси“ и нарцизам, па така тргнав на ова патување со Бојана.
Бојана вели дека постојат многу истражувања, студии на темата нарцизам од каде му доаѓа коренот на ова ментално нарушување. Одговорот најчесто се наоѓа во раното детство и тоа што се случило на личноста, но може да е и вредена карактеристика. По се научив дека всушност нарцисите не се сакаат толку, колку што сакаат да остават совршена слика за себе. Но, до кога? Ги чека ли среќа кога ќе бидат сами во четири ѕида?
Како што започнав, така и ќе заокружам. „Знам дека ништо не знам“ и ќе препуштам во рацете на Бојана.
Денес учиме лекција - Сликата за нарцисите не е онаква каква што мислиме. Едуцирај се.