Денес во осмата епизода на „RESET“ ни гостува активистот Филип Ѓоргиев.
Скопје беше како и секој обичен ден, преполн со ѓубре на секоја страна и никаква конкретна иницијатива се додека не се појави тој. Филип со една акција ни покажа колку значи кога си ја чуваме и негуваме животната средина, но истовремено не поттикна колективно да размислиме дали навистина правиме доволно.
„Тој што го фрлил ѓубрето на земја е поголемо ѓубре од ѓубрето што стои на земја“, вели Филип, каде се надополни дека тоа е на некаков начин одраз на нашата некултура и непочит кон природата. Дали можеме да го искорениме однесување на луѓето и кои се правилните чекори за тоа? Тој вели дека како и за се друго, и за ова треба време.
И покрај се, прашањето стои.. Кој е всушност Филип кога би ја тргнале неговата улога како активист? Што сака да прави кога ќе се прелие чашата со емоциите? Дали можеби си нашол некаков вентил преку собирањето ѓубре да го одржи квалитетното време со себе и тоа да биде еден вид медитација за него? Иако има 22 години, морам да признаам дека размислува многу зрело за неговите години и е нешто што мене лично ме инспирираше - да бидам подобар човек, да размислувам еколошки и да не чекам некој да ми се приклучи кон акцијата. За промена треба само еден чекор да направиш. Светот чека на тебе.
Денес учиме лекција - Не биди ѓубре. Биди позитивен пример во општеството. Изборот е секогаш твој.
Со љубов,
Нина