„KOMENTARITE ZA MOETO SEMEJSTVO SUM GI DOBIVALA OD MALA“ | ЕP12 KIKI MUKAETOVA | RESET

Опубликовано: 16 Май 2026
на канале: RESET Podcast
10,367
179

Денес во дванаесетата епизода на „RESET“ ни гостува младата водителка и пејачка Кики Мукаетова.

Кога ги отворам темите за младите генерации, често наидувам на искривени мислења за тоа кои се тие денес и зад какви вредности застануваат, но доколку се нурнете во нивниот свет ќе сфатите само едно нешто. Меѓу младите навистина има грижливи, интелигентни и воспитани личности за кои вреди повеќе да се зборува. Една од нив е Кики Мукаетова.

Таа од кога знае за себе е мета на критика меѓу врсниците, често ја носи етикетата на „богато“ семејство, иако Кики всушност тоа никогаш не го одбрала за себе. Дали поради тој факт треба да ја осудиме пред да ја запознаеме? Наместо да покажеме пример како се изразува, колку вложува во своето образование и колку е самосвесна за се околу себе, ние веќе ја отфрливме од друштвото.

Кики вели дека е навикната на негативните коментари, а за тоа многу и помогнало што нејзиното семејство било покрај нејзе. Тие всушност биле најгласни кога е во прашање нејзиното ментално здравје.

Каков совет и даваат родителите, како израснала, какви предизвици имала, какви алатки користи за да го одржи менталното здравје во ова модерно време дознаваме премиерно токму од неа.

Денес учиме лекција - Пред да осудиш, слушни ја и другата страна од приказната.

Со љубов,
Нина