„Андреј ДНК ми велеше да се чувам, но доцна ја разбрав таа порака“ | ЕП07 ДРАГАНА ЛЕВЕНСКА | RESET

Опубликовано: 16 Май 2026
на канале: RESET Podcast
3,252
58

Денес во седмата епизода на „RESET“ ни гостува актерката Драгана Левенска.

Некои души се навистина посебни. Тука се, присутни околу нас, не сакаат многу внимание, но точно знаат да предодредат кога треба да се појават. Нејзината природа е навистина исклучителна. Ретко гостува по медиумите, но кога тоа го прави навистина пробудува нешто подлабоко од тоа што знаеме.

Во RESET, за прв пат зборуваше за пријателството со Андреј и Панчо од ДНК. Андреј често ја советувал и ѝ кажувал да се чува, но после се што се случи со Кочани, таа дури сега сфаќа дека недоволно му го велела истото нему. Тоа ме подразмисли, дали успеваме се да им кажеме на луѓето што ги сакаме? Свесни ли сме дека таму некаде постои „последен момент“ и од тоа нема назад?

Меѓу другото, Левенска зборуваше за блискоста со својата сакана баба, за актерството, што навистина ја опушта кога е сама, но и специјално за нас донесе фотографии од своето детство. Мислам дека е вистинско време да ја запознаете Драгана Левенска онаква каква што е.

Денес учиме лекција - кажи некому дека ти значи додека сѐ уште може да го слушне тоа.

Со љубов,
Нина