„Егото е моето дно“ | ЕП10 ТОНИ ЗЕН | RESET

Опубликовано: 15 Май 2026
на канале: RESET Podcast
2,776
62

Денес во десетата епизода на „RESET“ ни гостува раперот и артист Тони Зен.

„Успеавме“, ќе рече Тони по настапот во Скопје кој заедно го реализираше со Слаткаристика минатата година. Овој момент уште еднаш му беше потврда колку е ценет и почитуван од народот, дури и по подолга пауза од музичката сцена.

Но, колкава промена се случи со Тони откако се повлече од сцената, па се до овој момент? Се изреализира во улогата на татко, духовно е продлабочен и скоро во секој момент пробува да го подучи синот Јасен на сите животни предизвици. За себе ќе каже дека е добар татко, но и дека односот со синот го потсетува многу на неговиот однос со татка си.

Умееме ли да ги тргнеме сите улоги на страна и да бидеме изворот? Тони вели дека знае да го препознае кога ќе се појави и точно знае кога нешто не е во ред. Дали можеме да живееме живот без егото или сепак во дадени моменти е потребно? Останува да процениме од самиот разговор.

Денес учиме лекција - „Егото може да води кон дното“.

Со љубов,
Нина