„NINA E POSLEDICA NA SITE PRETHODNI DEVOJKI“ | ЕP11 NEMANJA MILOVIC | RESET

Опубликовано: 15 Май 2026
на канале: RESET Podcast
5,479
125

Денес во единаесетата епизода на „RESET“ ни гостува фитнес тренерот Немања Миловиќ.

Веќе неколку месеци бевме на линија со Немања, изнаоѓавме начини како да дојде во Скопје, да не почести со неговото гостување и некако мислам дека успеавме во тоа. Што значи дека честа и задоволството сее големи што е дел од RESET патувањето.

Зошто токму Немања? Луѓето го познаваат по својата професија околу споротот, за која често ќе видите таква содржина на неговите социјални мрежи, но тој не е како и сите останати. Тој има посебен начин на комуникација со својата публика, уникатна аура, искрен е, отворен и покажува вистински вредности по кои живее, а луѓето се инспирираат. Сега знам и зошто.

Немања вели дека не бил отсекогаш таков. Имал голем его, сакал да биде во центарот на вниманието, да живее во некоја лага за себе, се до моментот кога повеќе немало суштина. Кога го постигнал својот „врв“ и тоа не водело никаде, дури тогаш размислувал да се повлече од социјалните мрежи.

За детството, неговиот однос со татко му, за „победата“ на егото, љубовта кон Нина и новата улога на татко - денеска освен што ќе сознаете кој е всушност Немања, мислам дека ќе се спознаете и себеси низ него.

Денес учиме лекција - „Не трагајте да бидете запаметени во светот, трагајте да бидете ослободени.“

Со љубов,
Нина