Денес во деветата епизода на „RESET“ ни гостува преприемачот и сопственик на Casa bar, Бертан Сулејман.
Нема кој не ја знае скопската и урбана приказна на Casa bar. Тоа не е само обичен бар, туку место каде што се чувствуваш како дома. Тука доаѓа народ што сака добра забава и уште подобра дружба. Casa Bar живее за насмевки, музика и моменти што ќе се прераскажуваат и утредента.
Луѓето сакаат да се дел од нечив успех, посебно кога е најубаво и најслатко, но се чини дека приказната на овој бар не била отсекогаш најсјајна. Сопственикот на Casa bar, Бертан Сулејман вели дека влегол многу наивно во приказната. И покрај сето искуство околу клубовите и менаџирањето, тогаш кога помислил дека знае се за претприемништвото, тој вели дека бил ставен на вистински тест, токму во периодот со короната.
Тој искрено се отвори и сподели дека товарот за 30 вработени воопшто не бил лесен, чувствувал огромна одговорност и дури имало моменти кога се случила и таа депресија. Не станувал од кревет, бил загрижен, но деновите кога успевал, заминувал веднаш во природа, најмногу во Маврово.
Дали секој може да биде претприемач, што се треба да поседува, но и дали ќе биде подготвен истиов пат да го помине како Бертан за да рече дека има нешто свое? Ќе заклучите сами до крајот од оваа епизода.
Денес учиме лекција - Ова е маратон, а не трка на 100 метри.
Со љубов,
Нина